ЦУК: Регистрирани 26 пожари на отворен простор, пет се активни, шест се под контрола, а 15 се изгаснати

Вкупно 26 пожари на отворен простор се регистрирани до 18:00 часот, од кои пет се активни, шест се под контрола, а 15 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи:
Активни пожари, како што соопшти ЦУК, има во Општина Чучер-Сандево: с. Брест, м.в. Рамно (мешана шума), Општина Струга: с. Буринец – с. Локов – с. Селце (нискостеблеста шума), Општина Македонски Брод: с. Белица, м.в. Кајорец кон с. Брезница, кај репетиторот (нискостеблеста и мешана шума), Општина Могила: с. Српци (стрниште), Општина Крушево: с. Алдинци (отпаден материјал).
Под контрола се ставени шест пожари и тоа во Општина Кичево: с. Тајмиште, место викано Дарда (ниска вегетација), Општина Сарај: с. Копаница (нискостеблеста шума и ниска вегетација), Општина Делчево: градска депонија Делчево (депонија), Општина Брвеница: с. Милитино (ниска вегетација, грмушки и шума), Општина Ново Село: с. Стиник (паднати стебла), Општина Старо Нагоричане: с. Руѓинце, проширен кон с. Орах (ниска вегетација и нискостеблеста шума).
Изгаснати пожари се 15 пожари и тоа во Општина Ѓорче Петров: с. Грачани и с. Никиштани, како и на територијата на Република Косово (шума), Општина Босилово: с. Еднокуќево (депонија), Општина Кичево: с. Кнежино и с. Добреноец (нискостеблеста шума), Општина Ресен: с. Курбиново (отпаден материјал), Општина Брвеница: с. Челопек (отпаден материјал), Општина Тетово: с. Порој (ниска вегетација), Општина Гостивар: с. Печково (ниска вегетација), Општина Врапчиште: кај стадионот (ниска вегетација), Општина Струмица: с. Ангелци (ниска вегетација), Општина Липково: с. Слупчане (ниска вегетација), Општина Липково: с. Оризаре (ниска вегетација), Општина Куманово: с. Баново Трло (ниска вегетација), Општина Куманово: с. Ново Село (ниска вегетација), Општина Гостивар: с. Равен (ниска вегетација), Општина Шуто Оризари: депонија.
МИА
Ново на Сител
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
-

Антонели: Верстапен е одличен не само како возач, туку и како личност
-

Швајцарија без Џака во Скопје поради лажен сертификат за Ковид - 19 вакцина
