-->
-->
ЦУК: Пожарот на Кожуф ставен под контрола, 22 изгаснати изминатото деноноќие
-->
Изминатото деноноќие, до седум часот утрово, на територија на државава се евидентирани 23 пожари на отворен простор. Еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.
Приземниот пожар на Кожуф планина е ставен под контрола.
Изгаснатите пожари биле на територија на општините Илинден, Гази Баба, Струга, Тетово, Кривогаштани, Прилеп, Куманово, Зелениково, Македонски Брод. Од останатите, четири биле на територија на општина Гостивар, Кичево - три, а по два во Долнени, Липково и Старо Нагоричане.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Младите македонски фудбалери поразени од Италија со 1:0
-
ЦУК: За гасење на пожарот во „Дрисла“ не може да дејствува ер-трактор поради опасност од дополнително разгорување
-
Вучиќ: Згрешив што ги нареков европратениците олош - мислам многу полошо за нив
-
Трамп му дал зелено светло на Израел за напад врз раководството на Хамас во Катар
-
Ангелов: Постојат сомнежи дека пожарот во „Дрисла“ е предизвикан намерно
-
Пожар во депонијата „Дрисла“, Ангелов вели дека не е алармантен
-
„СИЛЈАН” во режија на Тамара Котевска е годинашниот македонски кандидат за „Оскар”
-
Повторно одложен судскиот процес за родилката од Дебар, одбраната на првообвинетиот бара изземање на судијата