ЦУК: Побарано воздушно дејствување врз пожарот во Липковско на страната од Скопска Црна Гора

Барањето за воздушно дејствување врз пожарот помеѓу селата Никуштак и Орланци во општина Липково од градоначалникот на таа општина е процесуирано до Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и до Национални шуми, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Воедно информираат дека во моментов сите летала се ангажирани на големиот пожар во Беровско, но, попладнето може да бидат преупатени, доколку нема потреба од нив во Беровско.
- Пожарот што е активен од вчера се наоѓа на територијата на општина Липково, помеѓу селата Никуштак и Орланци. Се наоѓа во сосема непристапно подрачје, каде што нема никакви патишта и нема можност за пешадиско дејствување. Пожарот се издига по сртот кон погоренаведените села, на страната од Скопска Црна Гора. Барањето за воздушно дејствување, доставено до ЦУК од градоначалникот на Липково, е процесуирано до ДЗС и Национални шуми. Во моментов сите летала се ангажирани на големиот пожар во Беровско. Доколку во попладневните часови, леталата не бидат потребни таму, ќе бидат веднаш преупатени да дејствуваат на пожарот помеѓу селата Никуштак и Орланци, како и по сртот на Скопска Црна Гора, се потенцира во соопштението на ЦУК.
Во пожарот кој е активен на место викано Безгашево, во близина на село Русиново во општина Берово, зафатена е дабова, букова шума и папрат, соопшти порано денеска ЦУК.
МИА
Ново на Сител
-

За шест часа собрани средствата за лекување на малата Ана
-

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради Задушница
-

Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа што може да се случи
-

Денеска православните христијани го празнуваат Светиот маченик Трифун
-

Во Адис Абеба почнува 39. Самит на Африканската Унија
-

Задушница - спомен за починатите
-

Германскиот министер за одбрана Писториус изјави дека тензиите во односите меѓу земјите-членки на НАТО се намалиле
