ЦУК: Пет активни пожари, три под контрола
Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои во моментов пет се активни, три се под контрола и 21 се изгаснати, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека активни се пожарите во Општина Македонски Брод меѓу селата Тажево и Брезница, кракот што води кон Националниот парк Јасен, пожарите во општините Демир Хисар и Охрид на Илинска Планина и село Базерник. Третиот активен пожар е во Општина Гевгелија од селоФурка кон Каравалија. Сѐ уште гори и во Општина Студеничани помеѓу селата Драчевица и Црвена Вода, кај местот викано Темна Бука и последниот активен пожар е во Општина Пробиштип помеѓу селата Зелениград и Јамиште.
Од ЦУК соопштија дека под контрола се ставени три пожари во Општина Охрид помеѓу селата Косел, Расино, Опеница и Вапила, Општина Богданци кај местот викано Погана кон Ветерен Парк Богданци и во Општина Пласница кај селото Латово.
Во последното деноноќие изгаснати се 16 пожари во општините Радовиш, Кочани, Босилово, Свети Николе, Македонска Каменица, Студеничани, Гази Баба, Битола, Прилеп, Липково, Кичево, Гостивар, Чешиново-Облешево и Куманово.
Ново на Сител
-
Уапсени тројца кавадарчани кои краделе од плантажа на компанија
-
Ватикан: Папата Франциск е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ
-
На Попова Шапка и Лазарополе утрово најстудено
-
Два златни медали за македонската репрезентација во џуи џицу на „Словенија Опен“
-
Претрес во Тетово, одземени марихуана и дробилки со остатоци од марихуана
-
Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија
-
Прва АТП титула за Чехот Махач
-
Без струја утре делови од Кисела Вода и Чучер Сандево, без вода дел од улица „Јани Лукровски“