ЦУК: Од зборови на дело - почна работата на Комисијата за случајот спасување во кратовско
Денеска, (06.04.2021), како и што најави на вчерашната прес-конфернција, Стојанче Ангелов, в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, почна со работа, вчерашно формираната, Комисија за утврдување на правилност во примената на СОП за работа на Регионалните центри за управување со кризи Кратово (5/8) и Куманово (7/24). Тоа е дел од преземените активности на ЦУК, заради целосно расветлување на случајот на координаијата а давањето помош на медицинскиот тим во Кратовско којшто го спаси премрзнатиот сточар од с. Емирица.
Комисијата, како што нагласи Ангелов, детално ќе го испита овој случај и ќе утврди дали постојат пропусти и слабости кај нас во ЦУК или во другите институции од Системот за управување со кризии, за истите да бидат надминати во иднина.
Центарот за управување со кризи, ЦУК, помина од зборови на дело - почна работата на Комисијата за случајот спасување премрзнато лице во Кратовско што предизвика големо внимание во јавноста и што отвори повеќе прашања во општеството. ЦУК, во рамки на своите надлежности, се ангажира и работи за да се зголемат сестрано можностите, процедурите и капацитетите во системот за управување со кризи коишто се важни за спасување на животи.
Ново на Сител
-
Вреди во Струга со независен кандидат, ДУИ се уште договара широка коалиција
-
Без дебата реформските закони за администрацијата го поминаа првиот собраниски филтер
-
ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ – Најавува формирање на „Коалиција за зелена иднина“
-
Лекарите со препораки за заштита од топлотниот бран
-
Израел го нападна Фордо, додека Трамп најави „промена на иранскиот режим“ по американските напади
-
Беџети: Европскиот фронт ќе се проширува
-
Вевчани инспирација за уметниците
-
26 годишен Македонец лани загинал во Чешка, братот бара одговори за причината за смртта