ЦУК: Од 16 пожари на отворено во последното деноноќие, изгаснати 13, два се уште активни и еден под контрола

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие беа регистрирани 16 пожари. Од нив 13 се изгаснати, а два се уште се активни и еден е под контрола.
Двата активни пожара на отворено се кај село Тажево, Општина Македонски Брод, крак кон Белица и крак кон „Јасен" во правец кон месноста „Одделувачи за струја“.
-Се дејствуваше со еден полициски хеликоптер од воздух, а од земја со 30 припадници на МВР од Единицата за брзо распоредување (ЕБР), еден тим од четири пожарникари на ТППЕ, осум вработени од „Јасен“, и еден од ЕЛС, каде што гори борова шума и на планината Серта Општина Штип, кај Криволак во правец кон село Пенуш, кај месноста „Чешмедарски Рид“ , каде што гори ниска вегетација, наведува ЦУК.
Според ЦУК, под контрола е еден пожар на отворено и се настојува да се доведе во фаза на локализирање за потоа и да се изгасне – ликвидира. Тоа е пожарот во Општина Демир Хисар, на Илинска Планина во реон помеѓу с.Слоештица и с.Брежани и с.Плаќе. Дејствуваа од воздух два „ер трактора“ на ДЗС, тим од четири пожарникари на ТППЕ и 14 припадници на ЈП „Национални шуми, а гори ниска вегетација.
-Изгаснати се 13 пожари на отворено во последното деноноќие во општините: Студеничани кај село Горно Количани (3 ТППЕ 2 НШ) со кои беше зафатена нискостеблеста шума, Крушево, кај село Алданци (4 ТППЕ) каде гореше ниска вегетација, Струмица 1, покрај улицата „Снадо Масев“ (3ТППЕ), а гореа напуштени простори, Струмица 2, кај село Просениково (3 ТППЕ) каде беше зафатена ниска вегетација, Василево, кај село Пиперево (6 ТППЕ) гореше ниска вегетација, Дебар, кај село Броштица (2 ТППЕ) зафатна нискостеблеста дабова шума, Кичево кај село Србица м.в. „Маркулија“ (8 ТППЕ) гореше стрниште, Куманово, кај село Агино село ( 2 ТППЕ) гореше ниска вегетација и стрниште, Старо Нагоричане, кај с. Жеглане (2 ТППЕ) зафатено стрниште, Виница (6 ТППЕ) гореше помошна просторија, Делчево кај Делчево (1 лице) гореше градската депонија, Јегуновце, кај село Шемшово (15 ТППЕ) гореше плевна и во Брвеница, кај село Чолопек и село Милетино (3ТППЕ) зафатена ниска вегетација, наведува ЦУК.
Ново на Сител
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
-

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
-

Измама со помош на вештачка интелегенција – пациент си искреирал конзилијарно мислење за лек
-

Црна Гора ги брише сомнежите за блокадa во интеграциите
-

Филипче: Колку чини посетата во САД?
-

Со 500 евра казнет граѓанин кој фрлал градежен шут и кабаст отпад
-

Дрвокрадството во прилепско се намалува, но Шумската има само 13 полицајци и 1 возило, а судовите изрекуваат мали казни
-

Човечкиот фактор и годинава главна причина за шумските пожари
