ЦУК: Локализиран пожарот кај Лешница

Локализиран е пожарот кај тетовското село Лешница, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) и нагласува дека во неговото гаснење учествувале и два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување.
-Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамет Али, веднаш по добиената дојава за пожарот во реонот на Лешница кај Тетово, лично излезе на терен со цел да ги координира активностите на надлежните институции за локализирање на пожарот. Во целосна координација со сите надлежни институции, на терен интервенираа два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување, како и екипите на Територијалната противпожарна единица – Тетово, кои работеа непрекинато и со максимална посветеност. Благодарение на брзата, професионална реакција и координацијата на сите надлежни служби, пожарот е локализиран, а екипите остануваат на терен за следење на состојбата и целосно гаснење на преостанатите жаришта, со цел да не дојде до негово повторно активирање, соопшти ЦУК.
Директорот на ЦУК апелира до сите граѓани во наредните денови да бидат максимално внимателни, да не палат оган на отворен простор и секоја појава на чад или пожар веднаш да ја пријават на единствениот број за итни случаи 112.
МИА
Ново на Сител
-

Детали од полициската акција: Запленети 130.000 евра, и десетина луксузни автомобили – дејствувалe во Шпанија, Грција и Србија
-

Мицкоски до бруцошите: Каде и да одите, вратете се дома и заедно да се бориме за нашата Македонија
-

Петмина лекари од битолската болница обвинети за несовесно лекување на пациентка која починала
-

АНБ: Откриена мрежа на клонирани портали во Македонија, ширеле дезинформации во корист на руски интереси
-

Италија воведе забрана за бурки и никаби во училиштата – казни до 1.000 евра
-

Прв академски час на УКИМ - почнува студиската 2026/2027 година
-

Најладно во Берово, утрово измерени -2 степена
-

Нетанјаху го нарече „херој“ пилотот по нападот во кокпитот на „Флај Дубаи“
