ЦУК: Изминатото деноноќие три активни пожари

Во текот на изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 38 пожари од кои три активни, пет ставени под контрола и 30 изгаснати.
Според најновиот извештај на Центарот за управување со кризи, активните пожари се во Општина Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума), Општина Велес – с. Џидимирци (мешана шума) и Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Крапа и с. Локвица (деградирана дабова шума и грмушки).
Под контрола се пожарите во Македонски Брод – с. Слатина (мешана шума), Македонски Брод – с. Слатина, Слатински извори (нискостеблеста мешана шума), Чучер Сандево – с. Блаце – с. Горњани, м.в. Рамна шума (шумски пожар), Долнени 1 – с. Црнилиште (депонија) и Долнени 2 – с. Дебреште (депонија).
Изгаснати се пожарите во Чучер Сандево – црква Св. Тројца (ниска вегетација), Сопиште – с. Света Петка (ниска вегетација), Ѓорче Петров – с. Орман (ниска вегетација), Карпош – ул. Скупи (ѓубре), Битола – кај црква Св. Јован (ниска вегетација), Прилеп – с. Бешиште, Бешишки Рид (мешана шума), Ресен – с. Перово (овоштарник), Ресен – с. Избиште (ниска вегетација), Демир Хисар – с. Кутретино (ѓубре), Струмица – с. Банско (ѓубре), Струмица – с. Куклиш – с. Муртино (депонија), Босилово – с. Иловица (гранки), Босилово – с. Старо Балдовци (ниска вегетација), Василево – с. Владевци (гранки и ниска вегетација), Гевгелија – с. Прдејци (вегетација, отпад, дрва), Радовиш – с. Ињево (ниска вегетација), Македонски Брод – с. Белица (нискостеблеста шума), Македонски Брод – с. Рамне – с. Ковче (пожар од фабрика Самоков), Велес – ул. Јордан Џурнов (ниска вегетација), Чашка – под Солунска Глава (само чад, шумски пожар), Кавадарци – ул. Црноречка (ниска вегетација), Свети Николе – с. Делисинци (куќа и вегетација), Куманово – хотел Куба, Преовце (ниска вегетација), Куманово – с. Лопате (крај пруга)
Куманово – Умин Дол (стрниште и вегетација), Куманово – ул. Октомвриска револуција (вегетација и отпад), Старо Нагоричане – с. Никуљане (мешана шума), Старо Нагоричане – с. Руѓинце (ниска вегетација), Крива Паланка – м.в. Бегови Бавчи (ниска вегетација) и Теарце – с. Непроштено (ниска вегетација).
Ново на Сител
-

Минчев: Како коалиција сме во завршна фаза на нов закон каде ќе има употреба на јазиците на етничките заедници
-

Пообилен дожд во западните делови, ќе престанат утре попладне
-

Шест и пол тони Кокаин заплени на брод кај Канарските Острови
-

Нетанјаху: Израел ќе одреди кои странски војници ќе учествуваат во меѓународните сили во Газа
-

КБК Шампион прогласен за најдобар во рингот на Балканскиот куп во Тешањ - БиХ
-

Македонските кикбоксери со 20 медали од Европскиот куп „Балкан опен“ во Тешањ - Босна и Херцеговина
-

Силекс дојде до нова победа и ја продлабочи кризата на Пелистер
-

Ѓорѓиевски: Потпишана декларација за обединување за подобро Шуто Оризари
