-->
-->
ЦУК: Изгаснати три пожари на отворен простор
-->

Противпожарните тимови вчера интервенираа на три пожари на отворен простор и сите ги изгаснаа, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во текот на изминатото деноноќие гаснеле пожар на отворено од 19:20 до 21:05 часот. Три пожарникари и едно противпожарно возило гаснеле запалени отпадоци на површина од околу 500 квадратни метри во населбата Шуто Оризари.
Скопските пожарникари имале и уште една помала интервенција во тој предел.
Шест пожарникари од Територијалната противпожарна единица Струга од 6:56 до 10:30 часот со три противпожарни возила гаснеле запалено складирано сено на влезот во село Мислешево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
