ЦУК: Изгаснати шест пожари на отворен простор, најголема површина изгорела во Општина Богданци
Во текот на вчерашниот ден активни биле шест пожари на отворен простор и сите се изгаснати. Гореле сува трева и ниска вегетација, шума, отпадоци и слично, а најголема површина изгорела во Општина Богданци, каде што пожарникарите гаснеле два пожара, кај селото Стојаково и кај село Ѓавато, информираат од Центарот за управување со кризи.
- Конкретно, пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Гевгелија во период од 13:50 до 16:00 часот, интервенирале на запалена ниска вегетација и ниска шума кај с.Стојаково. Во гаснењето на пожарот интервенирале два пожарникара со едно противпожарно (ПП) возило. Од огнот била зафатена површина од 5 хектари. Речиси во истиот период друг тим, а во ист состав, поточно во период од 14:00 до 16:00 часот, интервенирал за гаснење запалена ниска вегетација и ниска шума во с.Ѓавато. Била зафатена површина од два декари, појаснуваат од ЦУК.
Другите пожари на отворено, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), биле изгаснати, во Општина Кисела Вода, кај с.Усје; Општина Прилеп, на просторот над Касарната во Прилеп и кај с.Алдинци; Општина Штип, близу градот гореле отпадоци и во Општина Битола, кај с.Лознани.
Ново на Сител
-
22-ри „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Марјан Николовски, професор на Факултет за безбедност
-
Подметнат пожар во автосервис во близина на „Стаклара“
-
Мицкоски: Пожарите доаѓаат од центри на моќ за да сејат страв, идентификувани се 20 лица
-
Шест месеци по трагедијата во Кочани, тројца повредени се уште во болница
-
Убиената Росица 7 пати го пријавувала насилникот во полиција, Обвинителството постапувало по пријавите
-
Медицинска сестра од Онкологија: Васев во канцеларција имаше лекови
-
Злоупотреба на службени возила од денеска ќе може да се пријави на телефонскиот број: 070 399 050