ЦУК: Изгаснат пожар на отворено кај граничниот премин „Богородица“
Од Центарот за управување со кризи информираат дека е изгаснат пожарот околу граничниот премин „Богородица“, каде што гореше нискостеблеста шума.
- Со ангажман на субјекти од Системот за управување со кризи од локалната самоуправа Гевгелија пожарот околу граничниот премин „Богородица“, каде што гореше нискостеблеста шума, бил изгаснат во 17.30 часот, соопштија од ЦУК.
Регионалниот ЦУК Струмица, известил дека од 15.42 часот гори ниска стеблесна шума околу граничениот премин „Богородица“ на површина околу половина хектар (0.5 ха).
- Веднаш на терен биле излезени 3 ПП возила од Територијалната противпожарна единица со девет пожарникари, тим од МВР Гевгелија со четири гранични полицајци и тим од ЕВН „Македонија“ за исклучување на напојување со електрична енергија, согласно оперативните стандардни процедури, појаснуваат од ЦУК.
Ново на Сител
-
МВР: Кај 23-годишник од Скопје пронајдено оружје и муниција
-
Приведени двајца возачи од Битола и ресенско, возеле пијани
-
Отпорноста на антибиотици може да убива милиони луѓе во светот
-
Кривична пријава за Кичевчанец, нападнал адвокат во судница во Дебар
-
Синдикалната кошничка во јули 65.328 денари
-
Поевтинуваат бензините од полноќ, ова се новите цени
-
Познат идентитетот на починатото лице пронајдено во Охрид
-
Скопјанка донесе на свет женско бебе во амбулантно возило на пат кон болница | ФОТО