ЦУК: До овој момент нема активни пожари
Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека до овој момент активни пожари нема.
Пожарот во атарот на село Дебреште со кој беше зафатена површина од околу четири хектари сува трева е изгаснат во 16:45 часот. Според ЦУК, во гаснењето биле ангажирани шест пожарникари со едно противпожарно и едно теренско возило, четири вработени од ЕЛС Долнени, двајца полицајци од Полициската станица Ропотово и четири лица од месното население кои со два трактора вршеле заорување на земјиштето за да не се прошири пожарот кон околните куќи.
ЦУК информира дека се изгаснати уште шест други пожари меѓу кои и два во скопскиот регион.
-Пожарот што почна вчера во попладневните часови во Охрид меѓу селата Вапила и Расино до 14:50 часот е целосно изгаснат. Ликвидиран е во 16:45 часот и пожарот од 12:30 часот во местото Костурник, Табановце што зафати сува трева и багремов појас. Во гаснењето учествуваа едно возило возило и двајца пожарникари. Пожарот од 14:12 часот во село Дебреште каде гореше сува трева е изгаснат во 16:45 часот со едно возило и шест пожарникари, пожарот кај селото Фурка што зафати борова и ниско деградирана шума е изгаснат едно возило, тројца пожарникари и двајца вработени во ЈП НШ подружница Кожув, пожарот во Студеничани, село Пагаруша и во селото Орман, Ѓорче Петров, наведува ЦУК.
Ново на Сител
-

Анализа: Што можеме да очекуваме од утрешната средба Сиљановска Давкова – Јотова?
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Утре средба Сиљановска-Давкова – Јотова во Софија, премиерот претпазлив
-

Снимки од заѕиданите пари: Обвинителството ги откри врските Ристов–Стафа–Пецов
-

Државата најверојатно сама ќе го гради Чебрен и Галиште
-

Нов клинички кај ГОБ “8 Септември”, а Медицинскиот факултет останува на сегашната локација
-

Владата најави мерки за граѓаните од следниот месец, ако цените продолжат да растат
-

Законот за заштита од пушење на цигари веќе е во собраниска процедура
