ЦУК алармира за две отворени шахти во општина Аеродром
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево алармираа за две отворени шахти во општина Аеродром, што претставуваат опасност за граѓаните.
Како што појаснуваат, минатата седмица преку социјалните медиуми биле пријавени две отворени шахти - едната спроти трговскиот центар „Скопјанка“, а другата веднаш по подземниот премин на булеварот „Кузман Јосифовски - Питу“, зграда број 28, пред „Спортлајф“.
Како што наведуваат од ЦУК, веднаш биле информирани надлежните од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ на Град Скопје. Оттаму им било кажано дека и двете шахти се во сопственост на станарите и деловните објекти во околните згради.
Објавено е и видео на „Јутјуб“ - каналот на ЦУК, каде директорот Стојанче Ангелов упатува апел за итно преземање мерки околу шахтата спроти ТЦ „Скопјанка“. Тој нагласува дека постои ризик, граѓани да добијат сериозни повреди.
Ново на Сител
-
СПМ: Никој нема право да тргува со македонскиот идентитет, со историјата и македонскиот јазик
-
МВР ги демантира објавите дека јавниот обвинител Коцевски со неговата изјава ја нарушил акцијата за приведување на полициските службеници
-
Се трага по 22 годишно момче од неготинско Тремник
-
Приведен 22-годишник, со „бмв“ возел 96 км на час на место каде е дозволено 40
-
Царината спречи обид за криумчарење 6,4 килограми сребро на ГП Богородица
-
Одложено денешното рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Бездомник од Калифорнија освои милион долари на лотарија
-
ОЈО Прилеп: Прибраната документација за прилепската болница ќе се анализира