ЦУК: Активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода

Вкупно 34 пожари на отворен простор на територија на државата се евидентирани изминатото деноноќие, до седум часот утрово. Два се сѐ уште активни, четири се под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Букова шума гори на Кожуф планина, кај село Петрово, општина Гевгелија. Ниска вегетација е опожарена на планината Добра Вода, општина Македонски Брод.
Од пожарите што се ставени под контрола, два се на територија на општина Гази Баба. Електричен отпад бил опожарен во село Трубарево, а нискостеблеста шума била опожарена во село Виниче, место викано „Муратица“. Третиот пожар ставен под контрола е во општина Студеничани, село Батинци, каде гореле ниска вегетација и мешана шума. Последниот пожар ставен под контрола е на територија на општина Кочани, каде во селото Бали била опожарена депонија.
МИА
Ново на Сител
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
-

Вечерва заседава Советот за безбедност на државата
-

Тема на денот со Ивон Величковски, Движење Нова Република
-

Војна на Блискиот Исток – одекнуваат експлозии ширум регионот, расте бројот на загинати и повредени
-

Колку македонски граѓани побарале да бидат евакуирани од кризните региони?
-

Разговор со Ангела Николовска, Македонка која живее во Доха, Катар
-

Опозицијата со поддршка за САД во нападите против Иран
