ЦУК: Активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода

Вкупно 34 пожари на отворен простор на територија на државата се евидентирани изминатото деноноќие, до седум часот утрово. Два се сѐ уште активни, четири се под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Букова шума гори на Кожуф планина, кај село Петрово, општина Гевгелија. Ниска вегетација е опожарена на планината Добра Вода, општина Македонски Брод.
Од пожарите што се ставени под контрола, два се на територија на општина Гази Баба. Електричен отпад бил опожарен во село Трубарево, а нискостеблеста шума била опожарена во село Виниче, место викано „Муратица“. Третиот пожар ставен под контрола е во општина Студеничани, село Батинци, каде гореле ниска вегетација и мешана шума. Последниот пожар ставен под контрола е на територија на општина Кочани, каде во селото Бали била опожарена депонија.
МИА
Ново на Сител
-

Словенечки вештак сведочи за несоодветни терапии во случајот „Онкологија“, судењето продолжува утре
-

Обезбедување украло бакарни кабли вредни 200.000 евра од градилиште во Центар
-

Андоновски: Се заокружува проектот за Центар за побезбеден интернет во Македонија
-

Средба Ѓорѓиевски - Канел: Нов импулс за соработка во образованието, културата и локалниот економски развој
-

Албанскиот премиер Рама реагираше по протестот и насилствата на опозиција, во кој се повредени 19 полицајци, а приведено е 21 лице
-

Со „рено“ удрил во 69-годишна жена па избегал
-

Трамп и Нетанјаху ќе се сретнат седми пат годинава
-

Кривична за советник од Штип: Барал пари „на рака“ од граѓани за пасоши, па си ги ставал во џеб
