ЦУК: Активни пожари нема, под контрола тој во природниот резерват Јасен
На територијата на државата денеска до 09:00 часот имало вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои нема ниту еден активен пожар, под контрола е еден пожарот во повеќенаменско подрачје Јасен, во Општина Македонски Брод, каде повеќе од десетина дена гореше мешана шума, а изгаснати се 17 пожари, информираат од ЦУК.
Изгаснати се пожарот кај Брана Езеро Козјак, во Општина Сопиште каде гореше ниска вегетација и шума, како и пожарите во Општина Студеничани кај селата Горно Количани и Драчевица, и на планински врв Китка.
Во Кичево, кај село Душегубица, каде гореше ниска вегетација и ниска шума, како и пожарот во село Велгошто, во Општина Охрид (ниска вегетација); во село Брушани, Општина Кавадарци (ниска вегетација); во село Кутретино, Општина Демир Хисар (депонија); во Општина Битола кај м.в. Тепсија (ниска вегетација) и селото
Велушта (ниска вегетација); потоа пожарот во Суводол, кај село Балдовци, Општина Новаци (ниска вегетација); пожарите во Општина Прилеп кај село Беловодица, место викано Ливада и село Лењиште (букова шума), како и пожарот кај Дата Центар во Прилеп (ниска вегетација); во Општина Долнени, кај селата Стровија и Долгаец (мешана шума); во Општина Брвеница, кај село Милетино (ниска вегетација); во Општина Гостивар во близина на Болницата (ниска вегетација); во Општина Врапчиште кај село Тумчевиште (ниска вегетација), во Општина Чешиново-Облешево, кај објектот Мак Млин (ѓубриште, гуми) и во Општина Струмица кај селата Турново и Иловица (депонија).
МИА
Ново на Сител
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред