ЦУК: Активни 17 пожари, пет ставени под контрола
Вкупно 35 пожари на отворен простор имаше во текот на денешниот ден до 19 часот, од кои 13 се изгаснати, пет се ставени под контрола, а активни се 17 пожари. По два активни пожара има во општина Македонски Брод, кај „Јасен“ - Белица и кај село Девич, во месноста викана „Вртешка“, два во општина Кичево, кај селото Цер и кај селата Патеец - Козичино. Активен е пожарот на Галичица, во правец на селата Лескоец и Стење во општина Ресен, а на охридска територија кон месноста Војтино, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни пожари има и во општините Долнени, Новаци, Валандово, Пласница, Дебар, кај село Гари, Чашка, Македонска Каменица, Василево, општина Сарај, кај село Кондово, во Гевгелија и два пожара има во Струга, кај селата Велешта и Долна Белица и кај Мороишта и Мислешево.
ЦУК информира дека под контрола се ставени пожарите во општина Македонски Брод, кај село Грешница, во Демир Хисар, на Илинска-Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица, во Делчево, кај депонијата.
Под контрола се ставени два пожара во општина Чашка, кај селата Папрадиште и Ореше и на планина Мукос кон село Дреновци, Општина Прилеп.
Изгаснати се 13 пожари, од кои два во Пробиштип, потоа во општините Битола, Чешиново - Облешево, Пехчево, кај Негрево, во Ресен, кај селата Болно – Илино, во Кавадарци, кај Ваташа, месност викана Фуштани, во Куманово, кај локалитет Менкова Колиба. Изгаснати пожари има и во Старо Нагоричане, кај село Младо Нагоричане, општина Желино, кај село Чифлик, во општина Гостивар, кај селата Балиндол и Неготино во радовишкото село Подареш, каде гореше депонија.
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели