ЦУК: Активен пожар во месноста Раштански лозја, изгаснати пет низ државата

Се уште е активен пожарот во месноста Раштански лозја, крај Скопје, а изгаснати се пет пожари на територија на цела држава, информира вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во информацијата за состојба со пожарите до 19:00 часот, од ЦУК посочуваат дека од 18:05 часот е интервенирано на пожар на сува трева и лозје, во месноста Раштански лозја. Во гаснењето на пожарот интервенирано е со три противпожарни возила и со десет пожарникари.
Изгаснат е пожарот во атарот на селото Беловиште кон Куново, Тетовско, каде се гаснела запалена депонија. Се интервенирало со едно противпожарно возило и со двајца пожарникари и четворица вработени од Национални шуми.
Во периодот од 14:10 до 16:00 часот имало интервенција на улица „Бајрам Шабани“ во Куманово, каде било запалено стрниште. Пожарот го изгаснале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.
Пожарникарите денеска од 9:41 до 11:25 часот го гаснеле пожарот на запалено стрниште кај стариот млин, на патот Битола- Прилеп.
Во периодот од 14:00 до 15:20 часот се гаснел пожарот на сува трева во село Горно Агларци, општина Новаци. Во гаснењето на пожарот интервенирале двајца пожарникари со едно противпожарно возило. Притоа оштетена е една дрвена бандера, за што е информирана компанијата ЕВН.
Изгаснат е и пожарот на територија на општина Градско. Пожарникарите од 14:00 до 18:15 часот интервенирале на подрачјето на оваа општина, меѓу селото Ногаевци и патарината. Таму имало пожар на отворен простор на запалено трева, ниска вегетација, шавар, багрем и јасика. Во гаснењето на пожарот интервенирале ТППЕ – Велес со пет пожарникари и едно противпожарно возило. Изгорена е повершина од два хектари.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
-

По промените, Филипче бара ревизија на договорите на Мицкоски со Орбан
-

Вицепремиерот за европски прашања очекува позитивен извештај од ЕК
-

Предметот „Талир 2“ доби нов јавен обвинител
-

Поранешната антикорупционерка Димитровска не се чувствува виновна
-

МВР најави 24 часовен „радарски маратон“
-

Го киднапирале, со пиштол му се заканувале да признае наводно силување, ОЈО бара притвор за двајцата грабнувачи
