ЦСКА пресилна за Перо и дружината
Кошаркарите на Црвена звезда претрпеа тежок пораз од ЦСКА Москва 59:85 (10:22, 17:22, 7:21, 25:20) во рамките на седмото коло во Евролигата.
Црвена звезда го одигра најлошиот меч во досегашниот тек од сезоната. Иако ја добија последната четвртина, тие во ниту еден момент не успеаја да им парираат на гостите од Москва.
ЦСКА импресионира со играта во одбрана, во првите три четвртини на Црвена звезда ѝ дозволи да постигне само 34 поени. Во еден момент во третиот период ЦСКА имаше предност од 33 поени.
Перо Антиќ, по пауза од два меча, се врати во составот на белградскиот тим, на теренот мина 21 минута и забележа 9 поени, 5 скока. Македонскиот интернационалец имаше лоша шутерска вечер, погоди два од седумте обиди (една двојка и една тројка), а погоди четири од петте слободни фрлања.
Тејлор Рочести ја предводеше Црвена звезда со 15 поени и 5 асистенции, а Џејмс Фелдин забележа 12 поени и по 3 скока и асистенции.
Кај ЦСКА се истакнаа Нандо де Коло со 16 поени, Кајл Хајнс со 13 поени и 7 скока, односно Серхио Родригез со 11 поени и 9 асистенции.
Ново на Сител
-
„Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД
-
Силен земјотрес регистриран во Чиле
-
Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп
-
Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош
-
Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип
-
Ѓердан што сведочи за пропаста на Марија Антоанета оди на надддавање
-
Реформската агенда на владата пред пратениците