Црвениот крст подели хуманитарна помош за сиромашни семејства од Куманово

Општинската организација на Црвениот крст-Куманово деновиве донираше хуманитарна помош за повеќедетни семејства, кои живеат во субстандардни услови. Помошта се состои од прехрамбено-хигиенски пакети, ќебиња, облека и обувки.
- Организиравме посета и поделба на хуманитарна помош на шестчленото семејство Станишковски како и петчленото семејство Ангеловски и двете од населбата „Вера Которка” кои живеат во субстандардни услови. Црвен крст Куманово го посети и седумчленото семејство Величковски по потекло од село Коњу преселено во населбата „Перо Чичо” кое исто така живее во многу тешки услови, изјави Бојан Петрушевски, секретар на општинската организација на Црвен крст-Куманово.
Црвениот крст-Куманово изминативе две недели подели и хуманитарна помош, прехрамбени пакети на 50 семејства од населбата „Средорек“. Деновиве хуманитарна помош и училишен прибор ќе биде поделен на ученици кои потекнуваат од социјално ранливи категории семејства од општина Старо Нагоричане.
Од општинската организација најавија дека во зависност од своите можности ќе продолжат да помагаат на најранливите семејства од социјален ризик во Куманово, Старо Нагоричане и Липково.
Ново на Сител
-

24-годишен тетовец со тврд предмет ја нападнал својата мајка
-

Ангелов и Јанчев: Пожарот во Кавадаречко се очекува до крајот на денот да биде изгаснат во целост
-

Македонија прва во Европа по растот на минималната плата
-

„Анима Мунди“ апелира за заштита на животните за време на топлотниот бран
-

Бензинот поевтинува, дизелот поскапува – нови цени на горивата од полноќ
-

Во 44 акции против незаконски риболов на Охридското Езеро приведени две лица, запленети 25 мрежи и 702 белвици
-

Наместо од психолог и пријатели – младите му се доверуваат на AI и бараат помош и совети од чет-ботови
-

Од полноќ нови цени на горивата
