-->
-->
„Црвената фурија“ се пласира на СП во Русија
-->
Репрезентацијата на Шпанија е 11.та која се пласира на Светското првенство во Русија 2018. Шпанците синоќа ја победија Албанија со 3:0 и со тоа го потврдија првото место во групата Г, каде Македонија одигра нерешено на гостувањето во Торино против Италија.
На другите натпревари одиграни синоќа донесоа изненадувања: Србија загуби на гостувањето против Австрија, Хрватска дома одигра нерешено дома со Финска.
Резултати на синоќа одиграните дуели од 9.коло:
Група Д: Грузија - Велс 0:1, Австрија - Србија 3:2, Република Ирска - Молдавија 2:0.
Табела: Србија 18 бодови, Велс 17, Р.Ирска 16, Австрија 12, Грузија 5, Молдавија 2.
Група Г: Италија - Македонија 1:1, Лихтенштајн - Израел 0:1, Шпанија - Албанија 3:0.
Табела: Шпанија 25, Италија 20, Албанија 13, Израел 12, Македонија 8, Лихтенштајн 0.
Група И: Хрватска - Финска 1:1, Косово - Украина 0:2, Турција - Исланд 0:3.
Табела: Исланд 19, Хрватска 17, Украина 17, Турција 14, Финска 8, Косово 1.
Вечерва се играат уште девет натпревари од 9.коло од квалификациите за СП од европската зона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен жител од скопско кој силувал деветгодишно девојче
-
Осуденик за „убиство“ усмртил осуденик за „семејно насилство“ при тепачка во психијатриската болница во Бардовци
-
69-годишник тешко повреден откако бил прегазен со мотоцикл во Тетово
-
Русија ги обвини САД за нелегален трговски притисок врз Индија
-
Возач од Македонски Брод возел со 2,39 промили алкохол во крвта
-
Нестабилно со дожд и грмежи, следните три дена пораст на дневната температура
-
Спречен шверц на цигари во вредност од скоро 4.000 евра - пет лица добиле кривични пријави | ФОТО
-
Нејмар подготвен за враќање ви репрезентацијата на Бразил