-->
-->
„Црвената фурија“ пресилна за Македонија
-->
Македонската кошаркарска репрезентација синоќа на гостувањето кај Шпанија претрпе убедлив пораз со 94:63. Ова воедно беше трет пораз за македонските кошаркари во подготовките за Европското првенство, кое почнува на 5.септември.
Во текот на првото полувреме Шпанија беше подобра во сите елементи и по 20 минути игра водеше со 52:26. Нашите кошаркари третиот период го одиграа најдобро и го решија во своја корист со 22:17, па и за момент ја намалија високата предност на ривалот. Сепак „црвената фурија“ во последната четвртина повторно ја зголеми предноста.
Најефикасни кошаркари во нашиот национален тим беа: Ричард Хендрикс со 12 поени (6 скокови), Бојан Трајковски со 11 поени, Предраг Самарџиски10 и Војдан Стојановски со по 8 постигнати кошеви.Кај Шпанија најрасположени беа Руди Фернадез со 14 и Хернангомез со 12 поена.
Следниот натпревар Македонија го игра повторно против Шпанија на 25.август (вторник) во Логроњо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинетите за убиството на Вања еден час ја чекале да излезе од зградата за да ја грабнат
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница
-
Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни
-
Љутков: Во новиот буџет ставаме акцент на националните културни установи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес