Црвен метеоаларм: Силно невреме во хрватскиот дел на Јадранот
Силно невреме со пороен дожд и ветер утрово зафати голем дел од хрватскиот дел на Јадранското Море и предизвика проблеми на брегот на Пула, Ровињ, Риека, Пореч и Црес. Поради тоа е прогласен црвен метеоаларм за повеќе региони од хрватското крајбрежје.
Глас Истре пишува дека на брегот на Пула плутаат автомобили, морето е на работ да се излее, а врз една сообраќајница паднало дрво.
Сообраќајот се одвива доста отежнато, видливоста е намалена, па се препорачува максимална внимателност.
Високото морско ниво го поплави и центарот на Ровињ, а големи проблеми има и во Пореч. Локални жители соопштуваат дека во Ровињ морето го поплавило градскиот плоштад и брегот. Поради оваа причина, на сите возила им е забрането да возат по брегот на Ровињ.
Вода навлегла и во некои кафулиња и ресторани, но соодветните служби посочуваат дека досега не добиле повици за помош за евентуално испумпување. Во Ровињ поплавен е дел од главниот пат, како и улици во близина на локалниот пазар.
Како што пренесува хрватскиот портал Индекс, повикувајќи се на податоци од Крометео, поројните врнежи предизвикале големи проблеми и на островот Црес.
Ново на Сител
-
Австралија го повикува Израел да се откаже од планот за преземање воена контрола врз Газа
-
ИНРМ изработи образец за пријавување прекршок во случај кога не е овозможен визуелен пристап до струјомерите
-
Пијан маж ја убил својата мајка во Штип
-
ОН „силно се спротивставува на каква било ескалација“ на војната во Газа
-
Трамп: Примирјето во Украина зависи од Путин
-
24 години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак
-
Топлотен бран ја зафаќа земјава – препораки за заштита од високите температури
-
Зеленски сака поголемо европско влијание во преговорите за Украина