Црвен Крст - Велес одбележа 70 години од постоењето

Општинската организација на Црвен Крст од Велес со свечена седница во салата „Бели Мугри“ во Велес денеска го одбележа јубилејот - 70 години од своето успешно работење и бројните активности на полето на хуманоста.
Претседателот на ОО на Црвен крст на Велес и воедно на Црвениот крст на Македонија д-р Милчо Трајков во обраќањето до присутните потсети за дел од богатата историја и бројните активности на оваа хумана организација, за помош на граѓаните при разни несреќи, сиромаштија и слично,во сите изминати 70 години.
- Работењето на бројните активисти и волонтери на Црвениот крст е само потврда дека и покрај се имало и се уште има вистински хумани луѓе кои не го изгубиле чувството на човекољубие, потенцира д-р Трајков.
Потсети дека ОО на Црвен крст Велес помага на граѓаните кои останале без работа, на социјалните случаи и ранливи категории на граѓани, работи на превенција и едукација од разни болести и други активности на хуманост за граѓаните.
Голем број од активистите и волонтерите на Општинската организација на Црвен Крст од Велес за својата хумана мисија на денешната свеченост добија признанија и благодарници.
- ОО ЦК Велес е редовно меѓу најдобрите пет во Македонија на планот на крводарувањето. Минатата 2014 година меѓу 34 општински организации беше на второ место во Македонија,потенцира Трајков.
Ново на Сител
-

Уапсен 16-годишен кумановец откако нападнал лице кое му извадило пиштол и нож
-

Уапсени пет лица, од кои еден малолетник во акциска контрола на Мобилната единица на МВР
-

Раст од 16,7 проценти на цената на становите во првиот квартал годинава
-

Мицкоски: Македонија е прва земја од Европа која има ваков вид стратешки дијалог со САД
-

Зголемена фреквенцијата на Ќафасан, Албанците од соседството по гориво и храна во државава
-

АХВ спречи ризик од внесување на заразни болести во земјава
-

Мицкоски за Денот на Ромите: Ова не е ден само на зборови, туку и на одлуки, нашата визија почнува со достапно образование за секое ромско дете
-

Следува период на променливо облачно и стабилно време
