-->
-->
Црвен крст: Очајна е ситуацијата во Мариупол
-->
Продавниците и аптеките се ограбени. Болниците работат само делумно. Луѓе кои се борат за храна или земаат гориво од напуштени автомобили. Зеленчукот исчезнува на „црниот пазар“, а месото никаде го нема. Така, висок функционер на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) во опколениот украински град Мариупол ги опиша тешките услови во градот.Сите продавници и аптеки беа ограбени пред четири или пет дена. Некои луѓе сè уште имаат храна, но не сум сигурен колку долго ќе потрае, изјави Саша Волков, заменик-шеф на подделегацијата на МКЦК во Мариупол.
Тој изјавата ја испратил во средата преку сателитски телефон од градот, каде комуникацијата со надворешниот свет во најдобар случај е тешко возможна.
Луѓето се разболуваат од студ и влага. Тие почнаа да се напаѓаат за храна… си ги уништуваат автомобилите едни на други за да наточат бензин. Многумина немаат вода за пиење. Подрумите кои нудат поголема безбедност од гранати и бомби се резервирани за мајки со мали деца, тврди Волков.
МКЦК со седиште во Женева со денови се обидува да организира евакуација на 200.000 луѓе од Мариупол, кој е под опсада на руската армија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
