Црвен крст: Дистрибуирани 17.662 пакети со храна, собрани над 200 илјади евра
Тимовите на Црвениот крст на Република Македонија до вчера дистрибуирале 17.662 пакети со храна, 15.000 дневни оброци, 7.600 топли оброци, 3.369 литри млеко, 7.
Како што информираат од Црвениот крст нивни екипи вчера доставиле камион со помош во храна и хигиена за поплавените во Тетовскиот регион, во селата Шипковица и Бродец.
Од вчера Црвениот крст започнаа и со активности во трите прифатни центри „Ранка Милановиќ“, „Сениќ“ и „Партение Зографски“ каде се сместени 150 лица со дистрибуција на дополнителна хуманитарна помош, терапија со лекови за хронично болните и витаминска терапија за најранливите.
Согласно информациите добиени од терен, Црвениот крст на РМ апелира да се донира конзервирана храна, бебешка храна и пелени, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми, кофи, гумени ракавици, пешкири, пелени за возрасни, пластични кеси за ѓубре. Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток и во ОУ „Наум Наумовски Борче“- Скопје од 8 до 18 часот (телефон за контакт: 3 096 227).
Во целата операција вклучени се 120 лица (волонтери и стручна служба на Црвениот крст), 7 мобилни тимови за прва медицинска помош и активиран е целокупниот логистички потенцијал на Црвениот крст на РМ.
Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување парична помош на жиро сметката на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка. До сега на сметката се собрани 22.101.994 денари.
Од донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400 до вчера се собрани 12.636.000 денари.
Донација на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
Од Црвениот крст апелираат во активностите за донирање уманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефектно справување со последиците од природната катастрофа.
Ново на Сител
-
Мерц најави договор за собирање стотици милијарди евра за одбрана на Германија
-
Предложени мерки на претпазливост против две лица по сообраќајната несреќа на автопатот Гостивар-Тетово
-
ПМФЛ: Вардар го совлада Работнички, Шкендија поразена во Струга
-
Приведен 35 годишен скопјанец, агресивно се однесувал кон полициски службеници
-
Кривична против 58 годишник, измамил друго лице дека ќе му набави и достави стока со што го оштетил за 4.100 евра
-
33 годишник од Скопје, физички нападнал возач на ЈСП додека управувал со автобусот
-
Адвокатите на Палевски тврдат дека тој на 27 ноември 2023 бил во банка, побараа и утврдување на базните станици на неговиот телефон
-
ЕУ изрази загриженост поради случувањата во српското Собрание