Црвен крст Центар домаќин на вториот регионален натпревар по прва помош
Општинската организација на Црвен крст Центар денеска ќе биде домаќин на вториот од двата регионални натпревара по прва помош кои овој месец ги организира Црвениот крст на Република Северна Македонија. Натпреварот ќе се одржи во дворот на ООУ „Димитар Миладинов” во Центар.
Двата регионални натпревара се за првопласираните екипи од општинските натпревари по прва помош од средните училишта на територија на државата. Годинава тема на натпреварите е „Прва помош во училишна средина“.
Црвениот крст на РСМ соопшти дека ги организира натпреварите не само за да ги поддржуваат младите во развој на практични вештини, туку и да ја поттикнат свеста за важноста за правилна и брза реакција при итни состојби.
-Црвениот крст на РСМ дава голем придонес во промовирање на првата помош во образовните институции каде ги едуцираме младите за важноста од правилно и навремено укажување на прва помош. За младите организираме натпревари по прва помош со цел што повеќе да ја подигнеме нивната свест и да ги унапредиме нивните знаења од областа на прва помош, соопшти Црвениот крст.
Првиот регионален натпревар се одржа на 10 мај на градскиот плоштад во Гевгелија, каде домаќин беше Општинската организација на Црвен крст Гевгелија.
Ново на Сител
-
Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам
-
УХМР: До понеделник пониски утрински температури, дневните во пораст
-
МВР: Пријава за угостител кој точел алкохол на малолетно лице во Македонска Каменица
-
Во Штип почна Фестивалот „Shtip Street Food Festival“
-
Најмалку 20 загинати во невреме во САД
-
Тетовец изгубил станови во Тетово и Охрид откако зел пари со камата од 25.000 евра од двајца сограѓани
-
Одземена биста од гробиштата во Бутел
-
Почна изградбата на фабриката на „Шахтерм“ во ТИРЗ Скопје, првична инвестиција од 25 милиони евра и 200 работни места