Балкан
17. September 2015 - 8:38

Црногорскиот Парламент усвои резолуција за прием на интеграцијата во НАТО

Црногорскиот Парламент усвои синоќа резолуција во поддршка на интеграцијата во НАТО, јави ТАСС.

За присоединување на земјата кон Северноатлантската алијанса гласаа 50 од 79 пратеници, кои учествувале во гласањето. Дваесет и шест беа против, а тројца воздржани.

Според заменик-претседателот на Парламентот Милутин Симоновиќ „тоа е сигнал дека Парламентот убедливо ја поддржува интеграцијата во НАТО“.

Претставници на опозициските партии и независни пратеници изјавија дека е неопходно во земјата да се одржи референдум за прашањето за членство во НАТО.