Црногорскиот Парламент треба да гласа за доверба на Владата на Ѓукановиќ
Парламентот на Црна Гора денеска би требало да се изјасни по иницијативата за гласање довреба на Владата на премиерот Мило Ѓукановиќ.
Гласањето првично требаше да се одржи вчера, но претседателот на Парламентот Ранко Кривокапиќ го одложи за денеска, бидејќи во текот на вчерашната дебата не успеаја да говорат сите пријавени пратеници. Дебатата ќе продолжи денеска, по што се очекува да се одржи и гласањето.
Вчерашниот тек од расправта по иницијативата мина во жестоки обвинувања и препукување меѓу пратениците од двете партии од владината коалиција - Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Ѓукановиќ и Социјалдемократската партија (СДП) на Кривокапиќ.
За да добие доверба, Владата на Ѓукановиќ треба да биде поддржана од мнозинство од вкупниот број пратеници во Парламнетот, односно од 41 пратеник.
Владејачкото мнозинство има 44 пратеници, од кои петмина се од редовите на СДП. Кривокапиќ уште во петокот најави дека неговата партија нема да го поддржи Кабинетот на Ѓукановиќ.
Премиерот Мило Ѓукановиќ побара гласање за доверба на неговата Влада на 29 декември минатата година. Во барањето за гласање доверба е посочено дека во поголемиот дел од мандатот на Владата, формирана во 2012 година, парламентарното мнозинство не му давало категорична политичка поддршка на коалицискиот кабинет.
Доколку Владата не добие доверба од мнозинството пратеници, ќе бидат распишани предвремени избори, на кои според последните истражувања ДПС на Ѓукановиќ може да освои 45 отсто од гласовите.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-
МВ: ВМРО-ДПМНЕ 51,7% - СДСМ 10,9%
-
СДСМ вели дека Владата е раскарана, ВМРО-ДПМНЕ одговори дека е стабилна и функционална
-
Андоновски за првата антикорупционерка: Треба да си даде оставка
-
Обвинителството обезбедува докази од вчерашната престрелка на Бит пазар – власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
Манасиевски: Од левичари и глумење скромност до деловни објекти во центарот на Скопје
-
Правда мора да има - протест за загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани