Црногорскиот парламент денеска ќе одржи конститутивна седница
Во Подгорица денеска ќе биде одржана конститутивна седница на црногорскиот парламент, а на дневен ред ќе биде Извештајот на Државната изборна комисија (ДИК) за резултатите од изборите, одржани на 16 октомври.
Пратениците би требало да изберат претседател и потпретседател на Собранието, како и претседател и членови на Административниот одбор.
Опозицијата најави дека нема да присуствува на седницата, оти оценува дека изборите не се одржани во слободна, фер и демократска атмосфера.
Опозицијата, имено, смета дека апсењето на дваесетмината српски државјани осомничени за тероризам и обид за ликвидација на актуелниот премиер Мило Ѓукановиќ на денот на изборите, придонело за подобрите резултати на владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС).
Првата седница на парламентот ја свика претседателот во заминување Дарко Пајовиќ, а ќе преседава најстариот пратеник Марија Чатовиќ.
Црногорскиот парламент има 81 пратеник.
Според резултатите на изборите одржани на 16 октомври, ДПС освои 36 мандати, Демократскиот фронт 18, Големата коалиција Клуч - девет мандати, Демократите осум, а Социјалдемократската партија четири мандати.
Социјалдемократите и Бошњачката партија ќе имаат по два пратеници, додека коалицијата „Албанци одлучно“ и Хрватската граѓанска во еден пратеник.
ДПС го истакна Душко Марковиќ, заменик претседателот на партијата, за мандатар, а претседателот на државата Филип Вујановиќ најави дека за тоа ќе одлучи по консултација со сите партии.
Вујановиќ консултациите со партиите ќе ги почне по конституирањето на парламетот.
Како што јавија црногорските медиуми, кои се повикуваат на владејачката ДПС, новата Влада може да биде формирана за половина месец.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар