Црногорската полиција изврши претрес во домот на опозицискиот лидер Мандиќ
- Црногорската полиција денеска изврши претес во семејната куќа на еден од водачите на опозицискиот Демократски фронт (ДФ), Андрија Мандиќ.
Претресот е извршен со образложение дека во рамки на истрагата против роднина на Мандиќ, полицајците трагаат по оружје или експлозивни материи, но не пронашле ништо такво, туку одземале еден мобилен телефон и еден автомобил.
Демократскиот фронт оцени дека претресот претставува „политички мотивирана активност“.
- Очигледно е дека ова е нов напад врз Демократскиот фронт и обид да се заплашат поддржувачите на опозицијата. Со упадот во домот на лидерот на ДФ и неговиот брат, Црна Гора се врати во времето 1945-1948 година, кога се вршеа политички репресии врз цели семејства, се наведува во реакцијата на ДФ.
Опозицијата на 15 ноември најави иницијатива за смена на јавниот обвинител Ивица Станковиќ и на специјалниот обвинител Миливој Катниќ, кои ги обвинува за организирање на политички прогон.
Лидерите на ДФ, Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ, се обвинети за организирање на државен удар во Црна Гора за време на ланските парламентрани избори. Нив е им е укинат пратеничкиот имунитет, а потоа Судот им ги одзема пасошите со цел да им се оневозможи напуштање на земјата.
Ново на Сител
-
И во наредните денови сончево време со студени утра
-
Неексплодирани бомби кашикари пронајдени на планинарска патека во Маврово
-
Четворица планинари загинаа во несреќи на италијанските Алпи
-
Сочувство од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан до Патријархот Српски г.г. Порфириј за настраданите во Нови Сад
-
Почина Оливера Николова - авторката на Зоки Поки
-
Санкционирани 144 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар
-
Почина Квинси Џонс
-
Човечки скелет без глава е пронајден во шума во БиХ