Црногорците поделени околу влезот на земјата во НАТО

Бројот на граѓани кои го поддржуваат и оние кои се против членството на Црна Гора во НАТО е речеси целосно изедначен, покажа вчера објавената анкета на Центарот за демократија (ЦЕДЕМ) во Подгорица.
Членството на Црна Гора во НАТО го поддржуваат 39,5 отсто од нејзините граѓани, против се 39,7 отсто, додека 20,8 отсто немаат став за тоа.
-Тоа значи дека бројот на противници и приврзаници на Северноатлантскиот сојуз е речиси изедначен, па резултатот од евентуалниот референдум за членство во Сојузот би бил крајно неизвесен, изјави Милош Бешиќ, главен методолог во ЦЕДЕМ, претставувајќи го истражувањето на јавното мислење.
Црна Гора во мај го потпиша протоколот за пристапување кон НАТО, чија членка ќе стане по ратификацијата во сите 28 земји членки.
Анкетата покажа дека настаните во светот влијаат врз поддршката за членство на Црна Гора во НАТО, пренесе Хина.
Бешиќ додаде дека 53,8 отсто од граѓаните веруваат дека Црна Гора ќе стане членка на НАТО без разлика на нивното мислење, 20,5 отсто мислат дека нема, додека 25,7 немаат став за ова прашање.
На прашањето околу Еуропската Унија речиси е постигнат национален консензус, без разлика што е опаднат бројот на симпатизери за ЕУ.
Дури 63 отсто испитаници сметаат дека Црна Гора треба да биде дел од ЕУ, а 24,6 дека не треба, додека 12,4 отсто немаат мислење.
Ново на Сител
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
