Балкан
1. August 2018 - 12:55

Црниот мршојадец се враќа на Балканот

 По 20 години од исчезнувањето на последните единки на европскиот црн мршојадец во Бугарија, започна негова реинтродукција во рамки на европски проект од програмата Лајф со пуштање на слобода на две млади единки на Стара Планина.
 
Во следните четири години во рамки на овој проект спроведуван од повеќе бугарски здруженија и координиран од Фондацијата за заштита на мршојадците (VCF) ќе бидат пуштени на слобода вкупно 50 вакви мршојадци, одгледани за оваа намена. Птиците ќе бидат опремени со сателитски предаватели со помош на кои ќе се следи нивното движење и ќе се овозможи поефикасно проучување и заштита. 
 
Од Македонското еколошко друштво информираат дека во следниот период некои од овие птици ќе може да се забележат и во Македонија бидејќи тие поминуваат големи пространства барајќи храна или погодни места за гнездење. 
 
- Иако ова е убава вест за заштитата на мршојадците, како и строго заштитениот црн мршојадец, заканите се големи за неговиот опстанок во Македонија, поради честата употреба на отрови за заштита на стадата, контрола од глодари и слично. Овој проблем е сериозен и во минатото ова е една од главните причини зошто овие видови мршојадци се целосно истребени во Македонија. Ќе треба напорно да работиме во иднина во рамки на Балканскиот проект за борба против отрови за да обезбедиме сигурна средина за размножување на овој строго заштитен вид, изјави Ненад Петровски, раководител на проект во Македонско еколошко друштво.
 
Во Македонија два од четирите видови мршојадци се исчезнати на почетокот на 21.от век. Последниот црн мршојадец кој некогаш гнездел на територијата на Македонија е забележан во 2005 година.
 
Според Македонското еколошко друштво, популациите на брадестиот и црниот мршојадец биле истребени поради прекумерна илегална употреба на отровни замки наменети за контрола на предатори, но и  недостаток на храна, уништување и вознемирување на нивните живеалишта