-->
-->
Црниот биланс продолжува, уште една жртва во сообраќајка вчера
-->
Синоќа околу 20 часот било пријавено дека во село Којково, Кратовско С.С.(51) починал откако бил прегазен од возило “Застава 750“.
Според пријавата, тој бил на гости кај Б.И. од истото село, тргнал да си оди и влегол во своето патничко моторно возило “Застава 750“, го стартувал, но веднаш излегол од возилото и тргнал кон куќата на Б.И.
Во тој момент, возилото се придвижило во правецот на С.С., го удрило, при што тој починал на местото на настанот.
Извршен бил увид.
Во текот на вчерашниот ден во три одделни сообраќајни несреќи загинаа 6 лица, најмалку 10 беа тешко повредени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Фатени 15 рибокрадци само во месец јануари
-
Преглед на вестите од светот
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот