-->
-->
Црна Гора: Савичевиќ најдобар на сите времиња
-->
Дејан Савиќевиќ е избран за најдобар спортист во историјата на Црна Гора, втор е ракометарот Веселин Вујовиќ, а трет Предраг Мијатовиќ.
Уредникот на емисијата „Спортско попладне“ на радио Тиват, Андија Петковиќ, ја покренал анкетата во која учествувале 15 спортски редакции во Црна Гора, кои го избраа најдобриот спортист во историјата на оваа земја.
Прославениот фудбалер, европски шампион со Црвена звезда и Милан и актуелен претседател на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, Дејан Савиќевиќ, добил 150 гласови, 37 повеќе од легендарниот ракометар Веселин Вујовиќ, кој во кариерата меѓудругото бил европски првак со Металопластика и европски шампион со Југославија. Вујовиќ е поранешен тренер на Вардар и актуелен селектор на репрезнетацијата на Словенија.
Трет на листата е фудбалерот Предраг Мијатовиќ, кој во кариерата со Реал стана европски првак.
Меѓу првите десет се боксерот Миодраг Перуновиќ, џудистот Драгомир Бечановиќ, кошаркарот Жарко Паспаљ, боксерот Дејан Златичанин, ватерполистот Никола Јановиќ, ракометарката Бојана Поповиќ и одбојкарот Горан Вујевиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема акција на Финансиската полиција, се вршат претреси во Куманово, Липково и Желино
-
Реакции по скандалот на натпреварот Брегалница - Шкупи
-
Се поголем бројот на пловила
-
М. Брод ќе биде првата општина која што ќе добие Дневен центар за активно стареење во рурална средина, во с.Самоков
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција