Црна Гора прогласи крај на епидемијата на коронавирусот
Во Црна Гора се прогласува крај на епидемијата на коронавирусот, одлучи денеска Националното координативно тело, по предлог на Институтот за јавно здравје.
– Ова е резултат на неколкумесечните напори на сите во системот и на нашите граѓани. Ви благодарам за довербата ! Некои мерки ќе бидат укинати, но со оглед на тоа што пандемијата се уште трае, остануваат во сила мерките против импортација на вирусот, соопшти Владата на својот официјален профил на Твитер.
Поминаа 28 дена откако во Црна Гора не се регистрирани нови случаи на коронавирус. Тоа значи дека се исполнети сите услови за официјално да се прогласи крај на епидемијата, јавуваат црногорските медиуми.
– Од вчерашниот пресек на состојбата, завршени се анализите на 133 примероци, меѓу кои немаше нови случаи на инфекција со Ковид-19. Сè уште нема активни случаи, објави претходно Институтот за јавно здравје.
Првиот случај на коронавирус во Црна Гора беше регистриран на 17 март.
Имаше вкупно 324 регистрирани случаи, од кои 315 се излекувани, а деветмина пациенти починаа.
Во моментов, 1.064 луѓе се под надзор.
Ново на Сител
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при ССК
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партнер на младите
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија
-
Ќе се подобрат ли условите во болницата во Бардовци по фаталната тепачка?
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МНР без предлог за амбасадор во Атина, во моментов 24 амбасадорски места се празни
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да даде оставка