-->
-->
Црна Гора последен „филтер“ пред ЕП во Полска
-->
Македонската ракометна репрезентација ќе одигра две контролни средби со Црна гора, како последен „филтер“ пред настапот на Европското Првенство во Полска 2016 година.
На 10 и 11 јануари во Скопје, нашата репрезентација ќе одигра два подготвителни натпревари против Црна Гора, која е дел од Групата Д на Европското Првенство. За селекторот на Македонија, Ивица Обрван, овие два натпревара ќе претставуваат последна проверка пред настапот на континенталниот шампионат во Полска.
Покрај овие дуели, репрезентацијата на Македонија во склоп на подготовките ќе одигра и две натпревара против Словенија на гостински терен на 4 и 5 јануари.
На Европското Првенство во Полска, Македонија се наоѓа во група А заедно со репрезентациите на европскиот првак Франција, Србија и домаќинот Полска, а натпреварите ќе ги игра во Краков. Првенството почнува на 15 јануари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кулакови организираа протест по пресудата за смртта на Фросина
-
Тема на денот со Јасна Бачовска Недиќ, професорка на Правниот факултет
-
Врховен ја укина казната од 3 год. и 10 месеци затвор за Васил, апелација не го викнал на судењето
-
Имаат ли соодветен рехабилитациски третман сите повредени од трагедијата во Кочани?
-
Предлог-Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани не доби поддршка
-
Мицкоски следната недела ќе ги пополнува местата на Алијанса
-
Кошта утре на средби со македонските власти - Експертите не очекуваат позитивни сигнали од Брисел
-
Јавно ќе се разрешува претседател на Судски совет: Министерството за правда со нов закон