Црна Гора: Објавен оглас за продажба на државно возило, средствата ќе бидат за помош на загрозени граѓани
Министерството за финансии и социјална работа на Црна Гора објави покана за учество на јавно наддавање за продажба на автомобил „Мерцедес Бенц”, модел „Мајбах С 650″.
Во средината на февруари, црногорската влада го усвои предлогот за одобрување продажба на две такви возила. Во тоа време, премиерот Здравко Кривокапиќ рече дека средствата од продажбата ќе бидат уплатени во буџетот и ќе бидат искористени за помош на загрозени граѓани.
Двата Мерцедси „Мајбах” ги купи Агенцијата за национална безбедност на крајот на 2017 година и почетокот на 2018 година за 1,2 милиони евра.
Министерот за финансии и социјална помош, Милојко Спајиќ, во Собранието објави дека вредноста на второто возило не е ни проценета, бидејќи се уште го користи претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.
Ново на Сител
-
Македонските одбојкари поразени и од Чешка во Европската златна лига
-
Црвена ѕвезда ја освои АБА лигата
-
Одбележување на Денот на македонските пожарникари - 20 Мај
-
Во Мексико девет лица загинаа во два напада врз кандидати за локалните избори
-
Ирански државни медиуми: Претседателот Раиси загина во хеликоптерска несреќа
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно со повремен дожд, попладне услови за краткотрајно невреме
-
Манчестер Сити четврти пат по ред шампион на Англија