Македонија
15. February 2016 - 10:02

Црн двоглав орел „никна“ во Топанско поле, никој незнае кој го нарачал

Без никаква најава, онака како што низ Скопје со години се поставуваат споменици, викендов на кружниот тек во скопско Топанско поле, помеѓу улиците „Лазо Трповски“ и „Втора Македонска Бригада“ е поставен споменик со црн двоглав орел. 

Досега нема официјална информација дали е нечија донација, која е ангажираната фирмата што го поставила, чие е идејното решение и каде е изработуван.

Градските власти од Скопје се изненадени од ваквиот постамент и велат дека се работи за дивоградба.

„Град Скопје веднаш по почетокот на изградбата на постаментот од страна на непознати лица, упати официјално барање до Државниот градежен инспекторат за отстранување на истиот“, велат од Град Скопје.

Од таму се надеваат дека Државниот градежен инспекторат во најбрз можен рок ќе го разреши овој случај.