Црн биланс во Албанија: 525 нови случаи со Ковид-19, починати 12 лица,се воведуваат брзи тестови
Во Албанија за првпат од почетокот на здравствената криза, во едно деноноќие регистрирани се 525 нови случаи со Ковид-19 а починале 12 лица во болнички услови.
-Во земјава продолжуваат рекордните бројки на заразени со Ковид-19.Во изминатите 24 часа наравени се 1.967 тестови при што опасниот вирус е дијагностициран кај 525 лица или 27 отсто од тестираните.Во исто време регистрирана е, до сега, највисока бројка на починати или 12, од 31 до 78-годишна возраст. За среќа оздравени се 111 лица, инфорираше Министерството за здравство и социјална заштита.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 24.731(од тестраните 141.081), бројката на оздравени пациенти е 12.203, на починати е 559, а бројот на активни случаи изнесува 11.555,од кои во трите ковид болници се хоспиталзирани 360 лица.
Поради влошената епидемиолошка состојба, во земјата, од среда се воведува полициски час од 22:00 до 6:00 на целата територија на земјата, во траење од три недели.
Во меѓувреме Началничката на Одделот за епидемиологија при Институтот за јавно здравје, Силва Бино, изјави дека Комитетот на експерти за справување со пандемијата, чиј член е и таа, одлучил да се почне со примена на брзи тестови за коронавирус.
Ново на Сител
-

Колку закони треба да се сменат за да профункционира „Сејф Сити“
-

Тема на денот со Никола Крстаноски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Собранието одлучи: Анкетна комисија за Кочани, модуларната, Беса Транс и Дурмо Турс
-

Возачите сами почнаа да ги обележуваат Safe City камерите на апликации
-

Филипче останува единствен функционер во СДСМ, вели дека лично ќе го води процесот на партиски реформи
-

ИПАРД фондовите во фокус на партиските обвинувања и злоупотреби
-

Сиљановска: Без гаранции не може од Македонија да се бараат нови уставни измени
