Црковно народен собир кај манастирскиот комплекс „Еленец“ во село Цера
По повод христијанскиот празник „Покров на Пресвета Богородица“ денеска се одржа традиционалниот црковно-народен собир кај манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера. Верниците и годинава на 14 октомври се собраа кај манастирот кој го носи името „Покров на Пресвета Богородица“, празник што секоја година се слави на овој датум.
Овој собир како што велат организаторите, е еден од најстарите и традиционалните во село Цера.
– Самиот собир е во организација на црковниот одбор од селото, потпомогнат од Општина Македонска Каменица. И оваа година имавме предвидено богата музичка програма каде присутните на манифестацијата ги забавуваат културно-уметнички друштва и музички групи. Освен тоа за присутните, како и секоја година организиравме црковен ручек, велат од црковниот одбор во село Цера.
Легендата за манастирот „Покров на Пресвета Богородица“ според зборовите на мештаните од село Цера, датира од римско време.
– Постојат податоци уште од римско време, кои велат дека верниците доаѓале на местото, каде што имало издлабена карпа, и поставено икона пред која се молеле, а карпата стои и ден денес на Еленец каде има света вода за која се верувало дека била лековита. Потоа овде се изградило мало манастирче, веднаш до светата вода, за да во деведесетите години од минатиот век, манастирот се изгради и го добие денешниот лик, велат мештаните.
Денешниот празник освен во каменичко се славеше и кај манастирот Св. Богородица Балаклија во Делчево.
Ново на Сител
-
Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници
-
Најмногу дожд наврнал во Крива Паланка, најстудено утрово во Крушево
-
Неексплодирани убојни средства од Првата светска војна пронајдени во прилепскиот регион
-
Екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, пренесен во Истражниот затвор во Шутка
-
Претставници на Западен Балкан, ЕУ и САД во Котор ќе разговараат за планот за раст на регионот
-
Премиерот Фицо е во свесна состојба
-
Заседание на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови
-
Втор ден Самит „Македонија 2025“ со панели за справување со корупцијата, странски инвестиции, дигитализација