Македонија
12. July 2017 - 14:58

Credissimo нуди одобрување на кредит до 7 минути

Иновативната ФинТек компанија на своите клиенти им обезбедува  исклучително брз одговор при аплицирање за кредит

Седум минути, па и помалку е потребно за да добиете одобрување на кредит во една од водечките Финансиско технолошки компании на пазарот за брзи кредити - Credissimo. Благодарение на високите технолошки иновации и револуционерни решенија за сферата на небанкарското кредитирање, компанијата го оптимизира процесот за одобрување, така што клиентот може да добие одговор во рамките на 7 минути.

"За Credissimo е важно удобството на клиентите и ние постојано бараме начин да ги подобруваме процесите, за да постигнеме максимално задоволството кај клиентите. Одобрувањето на кредит до 7 минути е уште еден чекор напред со кој сме препознатливи и со кој се разликуваме од останатите кредитни институции на пазарот, со цел да обезбедиме квалитетна услуга на оние кои имаат потреба од пари навреме", изјави Ѓорги Руков - Директор за меѓународен бизнис развој во Credissimo.

Брза помош во случај на итни ситуации - доаѓа до 7 минути

Само до пред неколку години, процесот на аплицирање можеше да биде само на определено место, пред вработен во канцеларија на избраната компанија. Клиентите беа принудени да чекаат во редици, да пополнуваат безброј формулари и дури да бидат испрашувани за податоци потребни за апликацијата за кредитот пред други  клиенти кои чекаат во ред. Самата процедура траеше со денови. Благодарение на автоматизираните процеси кои Credissimo прва ги воведе во секторот, сега аплицирањето и земањето на кредит трае само неколку минути.

Зошто процесот е толку брз?

Онлајн кредитите на Credissimo нудат максимално поедноставена постапка за аплицирање и земање на паричните средства. Ова е можно преку имплементираната сопствена иновативна платформа за сеопфатно управување на процесите на обработка на барањата за кредит во реално време, овозможувајќи при почитувањето на одредени услови еден кредит да биде анализиран, одобрен и пуштен во рамките на неколку минути.

Од компанијата споделија дека овој резултат го постигнале благодарение на својот иновативен модел на работа кој ја издвојува компанијата од другите конкуренти на пазарот. Одличниот скоринг модел за проценка и целосно автоматизиран процес на одобрување, кој не е поврзан со мрежа на агенти, им овозможува на Credissimo секавично брзо да направи анализа на кредитобарателот и да го одобри кредитното барање во рок од само 7 минути. Освен брзината и практичноста во обезбедување на услуги, корисниците на Credissimo добиваат коректен однос и љубезност, како и квалитетна услуга. Компанијата постојано работи во насока на развивање и нудење на иновативни, досега непознати решенија на пазарот, а кои се во поддршка на клиентите. Со иновациите кои ги реализира, Credissimo има за цел да изгради постојанен однос со своите клиенти, со тоа што обезбедува услуги што ги надминува нивните очекувања и одговара на најновите светски трендови.

Специјален предлог за летните месеци

Во претстојните летни месеци, Credissimo ги предизвикува своите клиенти со посебна наградна игра - "7 е твојот среќен број". Секој клиент кој аплицирал и на кој му е одобрен кредит во периодот помеѓу 07.07.2017 година од 00:00 часот до 31.08.2017 година до 23:59 часот, секоја седмица учествува за награда во износ од 7 000 денари или сосема нов iPhone 7 на крајот од наградната игра! Сите клиенти кои земале кредит во периодот на времетраење на наградната игра, учествуваат во неделните извлекувања, како и големото извлекување на крајот на играта. Нема ограничување во изборот на кредитниот производ, рок на кредитот или износот на бараната сума.

Секој петок еден од клиентите на кој му бил одобрен кредит во претходните 7 дена има можност да добие 7 000 денари. А на 1-ви септември еден од вкупниот број на клиенти на кои им бил одобрен кредит од Credissimo во периодот за времетраење на играта, ќе добие нов iPhone 7!

За Credissimo

Credissimo е иновативна ФинТек компанија основана во 2007 година. Со своето 10-годишно искуство и над 2.000,000 корисници. Credissimo е една од водечките и најбрзо развојни технолошки компании во областа на микрокредитирањето со многу награди за бизнис развој, иновации и еколошко управување на бизнисот.  Credissimo поседува сопствена CRM платформа за сеопфатно управување на процесите во обработка на барањата за кредит во реално време, која овозможува при почитувањето на одредени услови, еден кредит да биде разгледан, одобрен и парите да се пуштат на клиентот во рамките на неколку минути. Од 2016 година Credissimo нуди микрокредитирање и на Македонскиот пазар, со што нејзините услуги уживаат широка популарност меѓу корисниците, кое се изразува во над 96% задоволство од клиентите.