ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Го осуетивме планот на власта, нема уставни изнени под бугарски диктат
Седницата на Централниот комитет заседава во моментов. Станува збор за редовна седница на Централниот комитет на партијата, на која се зборуваше за актуелната политичка и економска состојба.
Се реафирмираа ставовите кои беа изнесени во јавноста минатите денови, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ го осуети планот на власта, на оската ДУИ - СДС и поранешни функционери на опозицијата кои одлучиле да се стават на нивно располагање преку валкани дилови за причини само ним познати, а кои директно ќе одат на штета на македонскиот народ.
Дополнително, се потврди силната кохезија која ја има пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата од почеток до крај сите 44 пратеници, а во однос на неприфаќање на уставни измени под бугарски диктат.
Воедно, падна во вода и тезата која власта ја пласираше години наназад во јавноста дека партијата ја раководат други лица, затоа што различностите се очигледни денес.
ВМРО-ДПМНЕ е главен партнер на идната влада која ќе ги донесе промените кои и се неопходни на Македонија, а потоа ќе следи одговорност за сите кои во различни сфери и области направиле голема штета на Македонија!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Приведен крадец во Скопје, следува соодветна пријава
-
„Новогодишна кошница“, најавени 900 производи со пониски цени, инспекторите на терен
-
Избодена девојка пред ресторан во Белград
-
Маж од БиХ скршил рампа на граничен премин со Хрватска, удрил во полициска блокада па загинал
-
Едно лице загина во пукање во американска воена база во Џорџија
-
Русија и Украина ги сменија командантите на најважното бојно поле
-
Забрана за товарни возила на патот Гостивар – Стража
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег