Цивилите во Харков на удар на руските дронови
Руски беспилотни летала во раните утрински часови нападнаа цивилни локации и предизвикаа пожари во близина на Харков, вториот по големина град во Украина, соопштија официјални лица. Засега нема извештаи за жртви, јавија британските медиуми.
Регионалниот гувернер на Харков, Олех Синехубов, на каналот Телеграм напиша дека цел на беспилотните летала била цивилната инфраструктура, а нападот се случил по полноќ на североистокот на Украина.
Градоначалникот на Харков, Ихор Тереков, изјави дека пожарот е ставен под контрола, без да даде повеќе детали.
Предупредувања за воздушен напад во Харков и другите централни региони на Украина беа укинати 90 минути по првичните извештаи. Предупредувањата останале во сила на западниот дел на земјата, додека украинската авијација јави дека руските беспилотни летала биле над три региони.
Гувернерот на Лвовската област, Максим Козицки, област на границата со Полска, објави дека се активни единиците за противвоздушна одбрана.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-
Монструозно двојно убиство и самоубиство во Прилеп
-
Нерешени имотно правни работи - најчеста причина за нарушени семејни односи во Македонија
-
СДСМ смета дека граѓаните не се безбедни
-
И по една недела пожарот во с. Николиќ се уште активен
-
Судот утре ќе решава по жалбата на ОЈО за притворот на напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Пуштени за сообраќај 20 километри од автопатот Кичево - Охрид
-
Пожарот кај Николиќ не стивнува, опожарени над 1.000 хектари