ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот
- Преку 200 акредитирани мобилни набљудувачи на ЦИВИЛ - Центар за слобода ќе го следат референдумското изјаснување на 30 септември.
Како што соопштија од ЦИВИЛ, веќе имаат распоредени над 30 активни долгорочни набљудувачи низ целата земја, чија задача е да го набљудуваат процесот на спроведување на подготовките на референдумот од повеќе аспекти, а особено во поглед на почитувањето на правото на глас.
Мониторингот на ЦИВИЛ, како што наведуваат, е непартиски, објективен и неутрален, а извештаите од теренската работа се достапни на медиумската платформа на организацијата. Ставовите и анализи се објавуваат во посебни рубрики на медиумската платформа и не секогаш се совпаѓаат со ставовите на ЦИВИЛ.
Од Центарот апелираат како и во претходните изборни процеси, гласачите да го искористат своето право на глас, слободно и без страв и принуда. Секој облик на притисок или закана да го пријават кај ЦИВИЛ на веб страницата Слободни избори или на телефоните: 070 461 480 и 02 5209 176.
- Цврст став на организацијата е дека треба да се гласа на Референдумот, бидејќи тоа е облик на непосредна демократија и не треба да се пропушти оваа можноста да се биде дел од донесувањето на една исклучително стратешка одлука за земјата. Секој поединец треба да направи информиран избор, според своето сопствено убедување, ЗА или ПРОТИВ, без страв, без притисоци и закани. Иако е демократско право на секој поединец, ЦИВИЛ не препорачува апстиненција од гласањето. Институциите, медиумите и граѓанските организации се повикани да им овозможат на гласачите релевантни и јасни информации за процесот, посочуваат од Центарот за слобода.
Во соопштението наведуваат дека еден од многубројните аргументи против бојкотирање на Референдумот е и дека граѓанките и граѓаните не треба да остават другите да одлучуваат наместо нив, туку тие самите да бидат дел од демократските процеси на носење одлуки. Од ЦИВИЛ бараат од структурите што шират говор на омраза и лажни вести да престанат со своите напади, бидејќи со тоа го омаловажуваат големото мнозинство граѓанки и граѓани што сакаат да донесат сопствена одлука и да го искористат своето неприкосновено право на глас, па и апстинирање од гласањето.
Ново на Сител
-

Руските безбедносни служби спречиле украински напади врз воени бази длабоко на руска територија
-

Нема укинување на санкциите додека Техеран не се откаже од нуклеарната програма
-

Ѓорческа напредуваше 14. позиции на ВТА рангирањето
-

Убиство во Скопје: Пијан татко ја нападнал сопругата, синот го усмртил со нож
-

Инфантино најави можно проширување на мундијалскиот формат со 64 репрезентации
-

УХМР: Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Велес, денес сончево и до 34 степени
-

Основање на Кинеско - македонска стопанска комора
-

Застрашувачки сцени од Банкок - најмалку 27 жртви во пожар во ноќен клуб
