Ципрас во посета на Србија
Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска заминува во дводневна официјална посета на Србија, каде ќе има средби со државниот врв а ќе се одржи и грчко-српски бизнис форум.
Во грчката делегација се и министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас, заменик-министерот за економија и развој Стериос Пициорлас, и голема група бизнисмени. Со Ципрас во Србија заминуваат претставници на околу 70 грчки компании кои ќе учествуваат во заедничкиот бизнис форум, на кој се очекува да бидат претставени инвестициските и трговски можности во Србија.
Ова е прва посета на грчки премиер по седум години, додека Ципрас беше во Србија во декември 2014 година како лидер на Сириза. Србија и Грција воспоставиле дипломатски односи пред 137 години, во 1879 година, а Договорот за сојуз бил потпишан пред 150 години.
- Особено се радувам што повторно ја посетувам Србија, земја со која долги децении не поврзуваат блиски историски, политички, културни и духовни односи. Пријателството и солидарноста меѓу грчкиот и српскиот народ претставуваат историска константа, но тоа не е доволно. Неопходно е да ја осовремениме нашата соработка, да се прилагодиме на сегашниот момент, да дадеме нова динамика во контекст на сложените и постојано променливи околности во балканското, европското и меѓународното опкружување, изјави Ципрас во интервју за „Политика“ пред посетата на Белград.
Во врска со односите со соседна Албанија, Турција и Македонија, грчкиот премиер изјави дека Грција има конкретни и цврсти надворешнополитички позиции при што активно се залага за мир и соработка, но во исто време непоколебливо ги чува своите суверени права врз основа на меѓународното право.
Според него, само врз основа на меѓусебно почитување можат да се изградат здрави билатералните односи, додека оживувањето на национализмот само ги поткопува повеќегодишните структурални напори за зајакнување на добрососедските односи и регионалната соработка.
Ново на Сител
-
Рекорден број пријави на штети по вчерашното невреме
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Вработување по стручност а не по етничка основа најавува новиот министер за дигитална трансформација
-
Да се постават табли на плажите кои не се безбедни
-
Преглед на вести од светот
-
Поплави во скопско
-
ЗПЛ: Ординациите ни се претворија во печатници
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии