Ципрас во посета на САД
Инвестициите, економијата, безбедноста, случувањата во регионот и енергијата се темите кои ќе доминираат на средбите на грчкиот премиер Алексис Ципрас со високи американски официјални претставници, инвеститори, претприемачи и членови на грчката заедница во САД.
Според извори од неговиот Кабинет, Ципрас доцна вечерва ќе пристигне во Чикаго, каде што викендов ќе се сретне со претставници на грчката заедница, како и со американски политичари кои покажаа голем интерес за присуството на грчкиот премиер во главниот град на Илиноис. Ципрас, исто така, ќе има можност да разговара и со инвеститори, како и со претставници на бизнис заедницата во Чикаго.
В понеделник, тој ќе се состане со градоначалникот на Чикаго Рам Емануел и гувернерот на Илиноис Брус Раунер. Ципрас исто така ќе се обрати пред Советот за глобални прашања во Чикаго на тема „Грција како стратешки партнер за САД во Југоисточна Европа и Источен Медитеран“.
В понеделник попладне тој ќе отпатува за Вашингтон, каде што ќе се сретне со шефот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, во седиштето на Фондот.
Во вторник, Ципрас ќе има средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, а еден ден подоцна ќе се сретне и со американскиот потпретседател Мајк Пенс, по што ќе замине на самит на ЕУ во Брисел.
Според владини извори, темите за кои Ципрас ќе разговара за време на престојот во САД се економијата, со акцент на зајакнување на напорите на Грција за излез од кризата и стабилен пристап до пазарите; безбедност, со оглед на критичната улога на Грција во поширокиот регион; случувањата во регионот; енергијата - имајќи го предвид меѓународниот интерес за ова прашање и позицијата на земјата, што е важен фактор за унапредување на нејзината улога во оваа област.
За време на престојот во Вашингтон, грчкиот премиер, исто така, ќе оствари средби и со инвеститори и претприемачи, организации и претставници на дијаспората, а во среда ќе одржи говор во Институтот Брукингс.
Според грчки дипломатски извори, клучен момент во посетата на Ципрас на САД е значителното надградување на односите на Атина со грчката заедница во САД, која ги поддржува напорите за закрепнување на земјата и одигра важна улога за привлекување инвеститори. Посетата, исто така, ќе го потенцира фактот дека Грција свртела страница и оти нејзината економија, со цврсти чекори и во исто време со акцент на социјалната грижа, се извлекува од меморандумите.
Во исто време, земјата игра централна улога како столб на стабилност во поширокиот регион, и има глемо влијание во регионалните и глобалните геополитички случувања, тврдат грчки дипломати.
Како што јави претходнио МИА, за време на посетата на Ципрас на САД, грчката Влада сака да добие поддршка од Трамп за „отворените прашања во регионот“, како што се кипарското прашање и тензиите во Егејското море.
„Ципрас исто така ќе бара да се намали притисокот за решавање на прашањето за името на Скопје, се додека македонските власти не го напуштат иредентизмот“, јави онлајн изданието на „Реалњуз“ пред извесно време. ј
Ново на Сител
-
Путин: Американските санкции нема значително да влијаат врз руската економија
-
Колку и да си популарен остани си човек | Боби Павловски | ПРОфесија | Sitel Podcast 120
-
Милосим Војнески се повлекува од изборната трка за градоначалник на Македонски Брод
-
Кривичен одреди притвор и куќен притвор за осомничените за лихварство и перење пари
-
На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути
-
Мицкоски: Нема предвремени избори, време е за голема офанзива на секој план, народот сака подобар стандард
-
ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори
-
Мицкоски: Да излеземе масовно на 2 ноември и да го заокружиме бројот 9 за развој и напредок