Ципрас: Разврска и успех од историско значење е за Грција договорот со северниот сосед
Договорот со северниот сосед што е од историско значење за Грција, носи придобивки и на економско ниво, рече грчкиот премиер говорејќи на конференцијата на Економист што се одржа вчера во близина на Атина.
Постигнатиот договор со Македонија, Алексис Ципрас овојпат го коментираше од економски аспект и објасни дека нерешавањето на проблемот било пречка за двете земји да создадат силни економски врски, јави дописничката на МИА од Атина
- Неодамнешниот договор до кој стигнавме по шест месеци тешки преговори со нашите северни соседи за решавање на долгогодишниот спор со името на поранешната југословенска Република Македонија е разврска од историско значење, успех од историско значење за Грција со разновидни придобивки и во економската сфера. Бидејќи пролонгирањето на овој проблем, не само што ги лишуваше можностите од нашата земја, не само што, би рекол, непродуктивно трошеше сили во дипломатијата, туку и ја лишуваше можноста за земјата да создаде силни врски на економска соработка и заеднички развој со нашата соседна земја, рече грчкиот премиер.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Потребна е поддршка за членство во ЕУ | ВИДЕО
-
Николоски во работна посета на Атина, ќе се разговара за подобро регионално поврзување
-
Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано
-
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ
-
Сообраќајниот метеж во Њујорк го натера Макрон да му се јави на Трамп | ВИДЕО
-
Ѓоковиќ се враќа на теренот, го потврди настапот во Шангај
-
У15: Македонските фудбалери поуспешни од Косово
-
Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика