Ципрас презентираше втор пакет предлог економски мерки „Остануваме исправени 2“

Денешната слика во реалната економија, кога би можел да ја опишам во три реченици, би била следната: Бизнисите не можат. Владата не сака. Вработените не издржуваат, рече лидерот на грчката опозициска партија СИРИЗА Алексис Ципрас, презентирајќи го пакетот економски мерки во висина од 13.4 милијарди евра за следните четири месеци во рамките на програмата „Остануваме исправени 2“, јави дописничката на МИА од Атина.
Исто како и во првата верзија, објасни Ципрас, главната оска на програмата е поддршка на работата, а не поддршка на суспензијата на работата и меѓу другото, вклучува намалување на ДДВ-то во угостителството на шест отсто, воведување „приход за вонреден случај“, намалување на исплаќањето на даноците од бизнисите, програма за поддршка на домашниот туризам насочена кон три милиони граѓани, помош за бизнисите поделени во три категории, оние кои остануваат затворени, оние кои се отворени, но со голема загуба и оние кои први отворија, како и зајакнување на здравствениот систем.
-Нашата програма што ја презентираме, не е предлог за опозициска критика. Туку е реален, пресметан, веднаш остварлив и апсолутно неопходен план, базиран на посотечките можности на грчката економија. План што ние ѝ предлагаме на Владата да го усвои. План што треба да се спроведе денес, за утре да се избегне најлошото, рече лидерот на СИРИЗА и додаде дека народот „треба да остане исправен, како што остана исправен во пандемијата“.
Ципрас коментираше дека рецесијата за оваа година, „со одговорност на владата ќе биде многу поголема, веројатно најголема во еврозоната“.
Ново на Сител
-

Трамп им се закани на контролорите на летање во САД веднаш да се вратат на работа
-

Во Словенија закажан референдум за асистираното умирање
-

Полицаец заедно со уште три лица краделе бакарни кабли од фабрика во Скопје
-

Американската армија уништи два брода осомничени за шверц на дрога во Пацификот
-

Биткоин надмина вредноста од 92.000 евра
-

Превирања околу реформите во СДСМ
-

Кривична за вработена како благајник во Јавно претпријатие комунални работи Кавадарци, одзела 568.684 денари од претпријатието
-

Хипер: ЕУ работи на зголемување на притисокот врз Путин
