Ципрас: Политиката на ЕУ доведе до Брегзит
Кризата предизвикана со одлуката на Британците да излезат од Европската Унија беше предвидлива затоа што ЕУ предолго ги занемаруваше клучните принципи на демократијата, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас.
По доаѓањето на вонредниот самит на лидерите на ЕУ во Брисел Ципрас изјави дека „Европа западна во предвидлива криза поради дефицит на демократија и отсуство на општествена кохезија и солидарност“, пренесоа грчките медиуми.
Тој додаде дека се надева оти „резултатот од британскиот референдум ќе послужи како повик за будење на Европа“.
Во отворениот напад на политиката на ЕУ грчкиот премиер истакна дека постои потреба „мерките на штедење да се заменат со мерки на раст, поделбите да се заменат со спојувања, невработеноста со добри работни места, а бесконечните преговори зад затворени врати со транспарентност и демократија“.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи